Мобилен маркетинг

Интерактивен, флексибилен, брз

Мобилниот маркетинг, покрај огласувањето на веб страна со кој одлично се сложува и шири, превзема примат над другите медиуми. Не толку поради потребата за ефтин, колку што е потребата за брз, директен и флексибилен начин на промовирање на производите и услугите, маркетиншките стручњаци се повеќе се воодушевуваат со мобилните кампањи. Во текот на последните неколку години расте свеста за нов, модерен и современ купувач, а се повеќе огласувачи се одлучуваат да ги искористат бројните предностите на мобилниот маркетинг: интерактивност, флексибилност, брзина, едноставност, и пресонализиран пристап кон купувачот.

Мобилните кампањи се современа секојдневност. Македионскиот пазар е спремен да го фати чекорот со светските трендови во огласувањето и искористувањето на поволностите кои ги нуди мобилниот маркетинг. Во овој момент македонскиот пазар е посебно поволен за примена на ваков вид на промоција, не само поради тоа што на македонските купувачи им досадил досегашниот начин на огласување за промовирање на производи и услуги, туку поради тоа што е и динамичен начин на огласување, каков што подржува мобилниот маркетинг, кој што стана обврска и обележје на секоја модерна промотивна активност.

Во текот на последните десет години ВИДЕКС реализирал бројни мобилни услуги и учествувал во подготвувањето на пазарот за искористување на сите можности на мобилниот маркетинг. Иновативните и интересните мобилни услуги станаа дел од урбаната култура, па време е и компаниите кои до сега не ги испробале предностите на SMS услугите да почнат да го користат овој начин на комуникација.

*Мобилниот маркетинг ги обединува современите маркетиншки потреби за директна комуникација со целната група

*”The branding performance of SMS advertising” мобилното огласување е 50% поуспешно од телевизискиот начин на огласување и 130% поуспешен од огласувањето на радио

*дури 66% од луѓето ќе се потсетат на примената SMS порака, и дури 36% од крајните корисници ќе го купи рекламниот производ или услуги

*мобилната комуникација е прецизна и директна, огласувачот остварува интимен однос со купувачот, при што купувачот се осеќа близок до промовираниот производ или услуга

*повеќе од 70% од светската популација има мобилен телефон, додека маркетиншките стручњаци во дел од светот смислат нови и интересни услуги

*бројот на пратени SMS пораки се дуплира од година во година: 2005 во светот се пратени 936 милијарди SMS пораки, 2010 ќе бидат пратени 2.300 милијарди (аналитичка куќа Gartner,2009).            

Соработници

Кожувчанка

АМСМ

Скопски Пазар

Државна лотарија на Македонија