Профил на компанијата - За нас

ВИДЕКС Дооел Скопје, е Друштво кое егзистира од 1990 Година, со широка палета на дејности познати на  Македонскиот Пазар и пошироко.

Нашата компанија се  занимава со увоз-извоз и дистрибуција на прехранбени и непрехранбени производи, а нашиот сектор за тргување и промоција на услуги со потпишани договори со сите фиксни и мобилни оператори во земјава и надвор од неа, на нашиов пазар и надвор од него, егзистира како Сервис Контент провајдер со Premium SMS и Voice броеви или поточно броеви со посебна комерцијална тарифа на чинење.

Со проширувањето од 2000 година во повеќе области од развојот на услуги и обезбедување на бизнис решенија за ефикасен мобилен маркетинг,директна комуникација со конзументите на одредени услуги и производи ВИДЕКС Дооел започна со група на луѓе со долго искуство на телекомуникацискиот терен со што денеска претставува еден од водечките Сервис Контент провајдери во регионот.    

Мисијата на ВИДЕКС е да обезбеди маркетинг за постоечките канали и комуникациски патеки. Ова се постигнува со внимателно планирање и развивање на мобилен сервис единствено за вашите потреби.

Нашата цел е развој на водечките сервиси кои што со континуирано подобрување стануваат пофлексибилни, доверливи и со ниска цена. Покрај тоа, другата цел е постојано да ги подржува и равива услугите, постојана грижа за задоволување на клиентите, така што ќе ја задржиме својата позиција како главен играч на пазарот во регионот.

Нашата стратегија е потполно во склад со нашите цели, преку кои со постојаното подобрување на услугите кои ги нудиме воедно се грантира и конкурентски волумен во однос на цените.

На кратко, тоа е нашиот главен пристап со кој што веруваме дека постигнуваме долгорочни соработки со кои се подобрува конзумирањето на искуство, но исто така и комуникацијата помеѓу нашите клиенти и нивните корисници. 

Ваш Видекс