Аберче

Се служи во елитни локали.

Замислете кафе без аберче.

Не, нели ?

 "Аберче" е нашиот заштитен производ (како Трговска Марка и како Авторско Дело согласно постоечката законска регулатива), кој сакаме да Ви го понудиме во Маркетиншко - Рекламни Цели. Производот, на кој ние му дадовме име Аберче, веруваме дека сте го сретнале во поголем број земји во светот, послужено во кафетерии, ресторани, хотели и сл.

Аберче е двострано отпечатен мал флаер, свиткан во ролна и опфатен со мал прстен. Во внатрешноста на флаерот има отпечатен афоризам, односно одредена порака (на Македонски и на Англиски Јазик), која послужениот гостин ја отвара и чита.

Искуствата како и истражувањата, покажуваат дека во најчест случај пораките се прифаќаат и доживуваат како разонода/забава, критика, сугестија, предвидување и сл., при што секој пораката си ја толкува на свој начин и се пронаоѓа во неа, себеси.

Причина повеќе за истото е и нашиот професонален приод кон ова, со ангажирање на стручно лице - психолог, за осмислување на содржините на Пораките во Аберчето.

Аберчето, како и насекаде во светот, во кафетерии и ресторани на територија на Република Македонија, се послужува-сервира, бесплатно, и тоа со се што се послужува во тацна, значи со: кафе, чај, сладолед, одредена храна, и сл.

Исто така се практикува Аберчињата да стојат сервирани во посебна здела, на одредена позиција каде има прием и фреквенција на посетители, па луѓето во таква пригода сами да се послужуват и си земат Аберче, на некој начин сами да си ја одредат пораката за себе во тој смисол.

Ние, овој наш производ го имаме изработено во оваа форма и облик во кој Ви ги доставуваме Вам.

Рачна Изработка (Ракотворба)

Ви напоменуваме, дека во процесот на производство, освен печатењето, се останато е Рачна Доработка, што дава посебна специфика на Аберчето, како производ. 

Информативно, цената за отпечатено АБЕРЧЕ е во директна зависност од тиражот на печатење, бројот на боите кои што ќе бидат отпечатени и другите пропратни елементи, креирање на нови пораки, превод на други јазици, амбалажирање, дистрибуција и слично.

Аберче можете да најдете

Ресторан 14

Хотел Пелистер

Бифе на Филолошки Факултет и Електро Факултет

Завиткано аберче

Аберче со порака